Македонската фудбалска репрезентација го забележа првиот триумф во квалификациите под водство на Благоја Милевски. Вечерва во Вадуц, Македонија беше далеку подоминатна и подобра од Лихтенштајн, и заслужено славеше убедлив триумф со 0:4.
Македонскиот национален тим имаше многу шанси уште од стартот на натпреварот, но топката никако не сакаше во голот. Пречка, статива, па од гол линијата се спасуваа домашните, но во 39. минута, конечно, се тресеше мрежата. Дарко Велковски по една мешаница пред голот најдобро се снајде и погоди.
Во вториот дел беше многу полесно да се игра, кога Македонија ја чекаше својата шанса, без нервоза, само ја контролираше играта, па така во 65. минута беше досуден пенал. Сигурен реализатор беше Алиоски за 0:3.
Нововлезениот Николов во 74. минута со убав гол носи 0:3, за Чурлинов да погоди во 83. минута за конечните 0:4.
Сега следува дуелот со Германија во Скопје на 11. октомври,
Tv „21“










