Врховниот суд на ЕУ, вчера го поништи договорот за трговија и договор за рибарство меѓу ЕУ (EU) и Мароко (Morocco) од Западна Сахара (Western Sahara), повикувајќи се на правото на самоопределување во регионот, пишува „Anadolu Agecy“, пренесува „Dubai-Portal“.

Фронтот „Полисарио“ (The Polisario Front), ослободително движење кое бара независност од Мароко во Западна Сахара, го доведе случајот до судот во 2019 година, тврдејќи дека повластените тарифни и рибарски договори, му дозволуваат на Рабат да извезува стоки од регионот без нивно одобрување.

Во потег што го призна правото на Фронтот „Полисарио“ (The Polisario Front) да ја претставува Западна Сахара (Western Sahara) на меѓународно ниво, судот ја потврди позицијата на групата, заклучувајќи дека „согласноста на луѓето од Западна Сахара , како трета страна во спорните спогодби… не е почитувана“.

„Спорните спогодби не се наменети за давање права на луѓето од Западна Сахара (Western Sahara), туку за да им се наметнат обврски“, се вели во пресудата, посочувајќи дека Советот на ЕУ, што ги претставува земјите -членки „не ги зел доволно предвид сите релевантни фактори поврзани со ситуацијата во Западна Сахара“.

Сепак, одлуката ја суспендираше спроведувањето на одлуката „во одреден период, бидејќи нивното поништување со непосреден ефект може да има сериозни последици врз надворешната акција на Европската унија (European union) и да доведе во сомнеж правната сигурност во однос на меѓународните обврски“.

ЕУ е најважниот трговски партнер на Мароко и најголемиот инвеститор во северноафриканската земја.

Мароко ја анектираше поранешната шпанска колонија Западна Сахара во 1975 година и водеше војна со Фронтот „Полисарио“ (The Polisario Front) до 1991 година.


„Dubai-Portal“
„MEMO“