Фарма во населбата Караагач во Одрин, Турција, ја делат куче и мачка, чие необично пријателство никого не остава рамнодушен. Двегодишното куче Сарикиз и едногодишната мачка Сарман се неразделни пријатели. Тие, исто така, делат сад со храна и посебно внимание привлекуваат нивните заеднички игри.

Сопственикот на фармата Небил Ејкејф за новинар на АА изјави дека овие две негови миленичиња не се одвоени едни од други. Тој рече дека тие биле неразделни пријатели кои пораснале заедно. – Тие се неразделни. Кога ги поздравувам наутро тие трчаат кон мене заедно. Ме чекаат на врата. Делат храна, меѓу нив нема љубомора и раздор. Така поминуваат 24 часа заедно. Луѓето честопати имаат потешкотии во врската, па се надевам дека ова пријателство ќе биде пример и за луѓето, истакна Ејикеф.