ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Најмалку 38 лица починаа поради на удари на гром во Индија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полициски службеници објавија дека 38 лица ги загубиле животите поради удари на гром во државите Раџастан и Утар Прадеш.
Претставник на полицијата информираше дека 11 лица загинале од удар на гром додека фотографирале во близина на тврдината Амбер во Раџастан.
Тој соопшти дека на територијата на државата од удари на гром животот го загубиле уште 9 лица, а 20 се повредени.
Во индиската држава Утар Прадеш, каде што се забележани монсунски дождови и грмотевици, од удари на гром загинале 18 лица.
Претставниците на власта најавија дека на роднините на загинатите и повредените од ударите на гром ќе им биде даден паричен надомест.
Одделот за метеорологија на Индија предупреди на нови грмотевици и удари на гром во периодот од 13 до 14 јули.
Ефективните монсунски дождови во Јужна Азија меѓу јуни и септември секоја година предизвикуваат големи природни катастрофи и несреќи. Околу 2.000 луѓе годишно умираат во Индија како резултат на удари на гром.
„Anadolu Agency“








