Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за продолжување на економските санкции врз Русија за уште 6 месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Економските санкции врз Русија беа воведени од 2014 година, со образложение дека ја дестабилизира Украина.

Се известува дека Европскиот совет одлучил да ги продолжи санкциите врз Русија до 31 јануари 2022 година.

Во изјавата дадена од Советот се наведува дека одлуката за продолжување е донесена откако на Самитот на лидерите на ЕУ на 24-25 јуни било оценето спроведувањето на договорите од Минск.

Русија нелегално ја анектираше Автономната Република Крим и градот Севастопол на 18 март 2014 година.

По анексијата на Крим од Русија и настаните во источна Украина, ЕУ, САД и некои земји започнаа да воведуваат економски санкции за Русија.

ЕУ прво донесе одлука за воведување економски санкции за Русија во 2014 година.

Во согласност со продолжените економски санкции, земјите членки на ЕУ не ѝ продаваат оружје на Русија. Санкциите исто така го ограничуваат купувањето на некои чувствителни технологии од страна на Русија што се користат во нафтената и гасната индустрија од земјите на ЕУ.

Покрај тоа, руските јавни банки се исклучени од финансискиот сектор во Европа.

Санкциите се продолжуваат на секои 6 месеци. Тековните санкции истекуваа на 31 јули 2021 година.

Освен економските санкции, ЕУ има воведено и дипломатски мерки врз Русија, а исто така донесени се и забрани за патување насочени кон поединци и замрзнување на средства.


Anadolu Agency