Велика Британија ги укинува ковид мерките. Заштитните маски нема да бидат задолжителни, а правилата за дистанцата ќе бидат укинати. Ова денеска го потврди британскиот премиер Борис Џонсон. По 16 месечните рестрикции во Англија се укинува и упатството за работа од дома. Британскиот премиер соопшти дека ќе се укинат сите лимити на посетители во внатрешните и во отврените објекти.

„Ќе дозволиме повторно да се отворат бизнисите, вклучивајќи ги и ноќните клубови. Ќе ги укинеме ограничувањата на посетителите на театрите, концертите и на спортските настани“, рече британскиот премиер Борис Џонсон.

Законските ограничувања во борбата против Ковид-19 треба да бидат укинати на 19 јули, а одлуката за тоа се очекува на 12 јули во зависоност од епидемиолошката состојба.


„Nova“ Tv