Израелските членови на Кнесетот, синоќа не успеаја да го изгласаат продолжението на контроверзниот закон, за повторно обединување на семејството, со кој им се забранува на палестинските израелски граѓани да носат членови на семејства кои живеат на окупираниот Западен Брег (West Bank) и појасот Газа (Gaza Strip) во Израел (Israel) да живеат со нив, дури и ако тоа се нивните деца или партнер/ки
, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

Предлогот за продолжување на законот за шест месеци, наместо вообичаената една година, доби 59 гласа со 59 гласа против. Двајца од четворицата парламентарци од Исламското движење предводено од Менсур Абас (Mansour Abbas), кој е дел од владината коалиција, беа воздржани.

Додека членовите на Кнесетот од партијата „Јамина“ („Yamina“) на премиерот Нафтали Бенет (Naftali Bennet), гласа против предлогот, во она што се смета за повлекување на довербата во коалицијата.

Помеѓу 1993 и 2003 година, околу 130 000 Палестинци добија израелско државјанство по обединувањето со нивните сопружници, што предизвика демографски проблеми во Израел.

„Агенцијата за безбедност проценува дека околу 200.000 Палестинци, би добивале израелско државјанство или престој секоја деценија, да не беше овој закон“, објави израелски „Channel 12“.

„Опозицијата, предводена од Биби (Bibi) и Тиби (Tibi), не успеа да ја собори владата, но заедно му зададоа тежок удар на безбедноста на Израел“, изјавија од „Јамина“ („Yamina“).

“Ова е ситна политика на штета на израелските граѓани. Тоа е причината зошто тие се во опозиција и ќе останат таму. За Биби, ако тој не биде на власт, државата може да се запали”, се додава во соопштението.


„MEMO“
„Dubai-Portal“