Израелски товарен брод бил нападнат северно од Индискиот океан, пренесува либанската телевизија „Мајадин“, повикувајќи се на „сигурни извори“, за кои се вели дека биле свесни за ситуацијата, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

Изворите рекоа дека на бродот избувнал пожар и дека трговскиот брод „бил нападнат од непознато оружје“.

Ниту една група не презеде одговорност за пријавениот инцидент.

Извори исто така сугерираат дека бродот бил нападнат додека се движел од пристаништето Џеда во Саудиска Арабија кон брегот на Емиратите, пренесува „Sputnik International“.

Соработник на Акиос од Тел Авив, Барак Равид, објави дека висок израелски службеник му потврдил дека бродот е во сопственост на израелски бизнисмен.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“