Саудиска Арабија вчера (петок), објави дека јеменската влада и сепаратистичката група се договориле за запирање на ескалацијата меѓу двете страни, јавува „Anadolu Agency“, пренесува „Dubai-Portal“.

Во изјавата на Саудиска Арабија, цитирана од саудиската новинска агенција, се вели дека „претставниците на јеменската влада и на Јужниот преоден совет (STC), се состанаа во Ријад, за да разговараат за тековните напори за спроведување на Договорот од Ријад“.

Договорот од Ријад беше потпишан на 5 ноември 2019 година, меѓу јеменската влада и Јужниот преоден совет и вклучуваше неколку политички, безбедносни и економски одредби како што е формирање на нова јеменска влада со учество на Јужниот преоден совет и интеграција на јеменски милиции, во јеменски владините сили.

Саудиска Арабија ги повика обете страни, да ги остават настрана разликите и да се држат до заедничките интереси да продолжат да ги спроведуваат условите од договорот, со цел да го обединат јеменскиот народ и да престанат со крвопролевањето.

Во меѓувреме, јеменскиот министер за надворешни работи, Ахмед бин Мубарак, ја поздрави изјавата на Саудиска Арабија за договорот со Ријад.

„Ја поздравуваме изјавата издадена од Саудиска Арабија, која вклучува јасни пораки за почитување на договорените обврски за запирање на ескалацијата и подготвување за брзото враќање на јеменската влада во Аден“, напиша Бин Мубарак на „Twitter“.

Јужниот преоден совет сè уште не ја коментира изјавата.


„MEMO“
„Dubai-Portal“