Англија: Ваучери од 460 евра за трудниците, кои ќе се откажат од пушење цигари

by Administrator

Трудниците во Англија би можеле да добијат ваучери за купување во вредност од 460 евра доколку ги  остават цигари. Имено, Институтот за јавно здравје соопштило дека финансиски сака да ги поттикне трудниците кои консумираат цигари да престанат со таа навика.

Тие наведуваат дека упатствата се отворени за консултации, но додаваат дека студиите покажале дека „поттикнувањата во вид на ваучер се прифатливи за многу трудници и даватели на здравствени услуги“ и дека веќе се користат во некои региони.

Експертите посочуваат дека жените ќе мора да се подложат на тестирање за да докажат дека навистина се откажале од цигарите, пред да ги земат ваучерите. Сепак, тие наведуваат дека, во случај тестирањето да биде отежнато поради пандемијата, ваучерите секако ќе бидат распределени.

Истражувањата покажуваат дека од 1.000 жени, 177 би ги оставиле цигарите доколку за тоа добијат ваучери.


„Sloboden pecat“

You may also like