На 7. септември 2010 година, патниците ги предале своите билети и се качиле на авионот, а потоа она што се случувало е застрашувачко.

Кратко време после полетувањата, снема струја во авионот, откажа целата опрема, а аеродром немало, туку само писта опкружена со густа сибирска шума. Навигациските системи не работеле, немало комуникација со контролата на летање.

Тоа е најтешко сценарио за пилотите, па е вистинско чудо што патниците преживеале без тешки повреди и тоа благодарение на – чаша вода.

Пумпите за бензин исто така откажале, па единствена опција било принудно слетување. Авионот можел да биде само 30 минути во воздух, а пилотот се потпрел на својот вид. Авионот бил на висина над 10 илјади метри, а најблискиот аеродром бил далеку.

Потоа се сетиле на еден стар и заборавен трик – чаша вода која ќе ја стават на контролната табла. Додека управувале со авионот, пилотите го следеле движењето на чашата со вода, и така го мереле вистинскиот агол на движење на авионот.

Со ова решение успеале да го спуштат авионот на 3.000 метри. Среќа што успеале да забележат една напуштена писта и заклучиле дека може да слетаат. На пистата имало само еден човек, супервизорот Сергеј Сотников кој само поради својата добра волја го држел аеродромот во добра состојба.

Авионот се движел пребрзо, а пистата била прекратка, но пилотите се решиле да ризикуваат и да се обидат да слетаат. Така откако ја надминале пистата, дрвата на крајот го забавил авионот и сите 72 патници биле безбедно извадени од авионот.

Пилотите Андреј Ламанов и Евгениј Новоселов биле прогласени за херои на Руската федерација.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=lhlfw9IVygs[/embedyt]