Копа Америка: Еквадор му зеде бод на Бразил, за пласман во четвртфинале

by Administrator

Последното коло во групата Б даде одговорот на прашањето кои две репрезентрации им се приклучија на Бразил и на Перу во четвртфиналето на Копа Америка. Еквадор ремизираше со Бразил и со освоениот бод обезбеди пласман во нокаут фазата додека Венецуела со мининалниот пораз од Перу го заврши настапот на Копа Америка.

Ваквите резултати највеќе ја израдуваа Колумбија која се надеваше дека Еквадор или Венецуела нема да победат што на крајот се оствари и тие ќе играат во четвртфиналето.

Селекторот на Бразил, Тите во дуелот со Еквадор одлучи да одмори неколку репрезентативци бидејќи веќе го имаше обезбедено првото место во групата, а ниту вториот тим не дозволи пораз па натпреварот заврши 1:1. Бразил поведе во 37. минута со голот на Едер Милитао, додека Еквадор до израмнување дојде во 53. минута преку Мена.

Селекцијата на Перу благодарение на голот на Кариљо во 48 минута си минимални 1:0 ја совлада Веневуела и го обезбеди второто место во групата.


Sloboden pecat

You may also like