Шведска е се поблиску до вонредни парламентарни избори откако политичките блокови имаа неуспешни обиди да формираат влада.

На премиерот Стефан Левен му преостанува до крајот на денот да поднесе оставка или да распише избори.

На Левен не му беше изгласана доверба во парламентот на 21. јуни, откако партијата Левица му ја откажа поддршката.

После гласањето на недовербата на Левен тргнаа хаотични преговори низ кои странските блокови од левата и десната страна се обидоа да ја придобијат поддршката за формирање на влада. Но, како што не успеаја, јасно е дека Шведска е се поблиску до вонредни парламентарни избори.


Tv „21“