Канадскиот премиер, Џастин Трудо, изјави денеска дека го замолил папата Франциско, да дојде во оваа северноамериканска земја и да се извини во име на Католичката црква за нејзината улога во интернатите за автохтони деца, откако беа откриени скоро 1.000 остатоци, во две масовни гробници, пишува „Sputnik“ , пренесува „Dubai-Portal“.

„Зборував директно со папата Франциско за да му укажам колку е важно не само да се извиниш, туку да дојдеш на канадско тло и да им се извиниш на канадски домородци. Знам дека раководството на Католичката црква активно работи на следните чекори“, им изјави Трудо на новинарите.

Домородната организација на Канада во четвртокот објави дека биле откриени 751 необележан гроб, во урнатиот интернат „Маривал“ во канадската провинција Саскачеван.

Групата домородци, објави дека само неколку недели по откривањето на остатоците од 215 тела, ја потресоа државата.

Системот за интернати, кој постоел помеѓу 1831 и 1996 година, опфатил околу 150 000 автохтони деца кои им биле одземени на родителите и предадени на христијанските училишта за асимилација.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“