Селекцијата на Перу запиша три бода против Колумбија на Копа Америка, откако победи со 1-2 (0-1) во Гојанија. Иако Колумбијците беа апсолутен фаворит за оваа средба, Перу успеа да приреди изненадување и да дојде до првата победа на турнирот.
По седуманесет минути игра, Серхио Пена го отвори резултатот откако искористи одбиена топка и Перу поведе со 0-1. Двете селекции во првиот дел имаа по една добра шанса, Квадрадо не го погоди голот за Колумбија, а Куева ја затресе стативата.
На стартот од второто полувреме, Галесе направи пенал за Колумбија. Сигурен од единаесет метри беше Мигел Борха, кој донесе израмнување за својата селекција. Сепак, радоста не траеше долго бидејќи Јери Мина си даде автогол, во обид да блокира удар. Перу до крајот успеа да ја одбрани предноста и прокнижи први бодови.
Венецуела и Еквадор одиграа со 2-2 во рамки на групата Б. Венецуела се спаси од пораз во судиското продолжение на натпреварот благодарение на голот Роналд Родригез.
