Повеќе од 12.500 луѓе, досега потпишаа петиција со која се бара забрана за враќање на основачот на „Амазон“ („Amazon“), Џеф Безос (Jeff Bezos), на Земјата, по претстојното лансирање на вселенското летало на неговата компанија „Блу Ориџин“ („Blue Origin“), пишува „Sputnik“, пренесува ubai-Portal“.
Безос, вториот најбогат човек на светот со нето вредност од приближно 186 милијарди долари, „всушност е негативец, милијардер од стриповите на Супермен“, се наведува во петицијата. Тој, всушност e злобен моќен човек кој е за глобална доминација. Тоа го знаеме со години.“
Авторот на петицијата исто така тврди дека Безос (Bezos) (57) „работел со Џефри Епштајн (Jefrey Epstein) и Витезите темплари, како и со масоните со цел да се добие контрола над целиот свет. Во меѓувреме, нашата влада дозволува тоа да се случи“, заклучија тие.
„Можеби ова е нашата последна шанса пред да овозможат 5G микрочипови и да извршат масовно преземање“, пренесува порталот „Базлајф“ („Bizlife“).
Да потсетиме, (Jeff Bezos) неодамна објави дека ќе биде дел од екипажот на првиот суборбитален лет на неговата ракетна компанија „Блу Ориџин“ („Blue Origin“). Братот на Безос (Bezos), Марк (Marc), ќе му се придружи на летот, како и победникот на јавната лицитација кој се борел за едно од местата. Имено, анонимниот победник плати 28 милиони долари на аукцијата за место за патување во вселената со основачот на „Амазон“ („Amazon“), Џеф Безос (Jeff Bezos).
„Sputnik“
„Dubai-Portal“










