Повторно се бетонира брегот во струшко аламираат од “Охрид СОС” . Известени се и инспекциските служби и никој не презема ништо.

Драгана Велковска од здружението вели однесувањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко фрапира.Од тоа дека нема дивоградби до тоа дека ги урна платформите во вода од солидарност кон Охрид. А, во меѓувреме никнуваат нови и тоа бетонски платформи.

Од “Охрид СОС” сметаат дека далеку од вистинско исполнување на препораките на Унексо е трагањето на конструкциите од плажите.

Активистите па и екологистите велат дека најдоброто во овој момент што може да му се случи на регионот е да се најде на листата светски наследства во опасност оти само така суштински ќе почнат да се решаваат проблемите кои го тиштат и езерото и целокупното природно и културно наследство.


„24“