Во авионска несреќа кај Сибир, загинаа седум параглајдеристи

0
117

Најмалку седум спортски параглајдеристи загинаа, а повеќе од десет се повредени кога двомоторен L-410 се сруши во шума во рускиот регион Кемерово на југозападен Сибир, објавија руските медиуми во саботата.

4 Dead After Plane Carrying Parachutists Crashes in Siberia - The Moscow  Times

Новинската агенција ТАСС цитираше извори од службата за итни случаи и објави дека до 17 лица биле повредени во несреќата во близина на аеродромот Танај.

Тие додадоа дека авионот паднал во блиската шума, а локалното обвинителство посочило дека екипажот испратил сигнал за помош пред несреќата поради откажување на моторот.

Портпарол на сибирскиот огранок на руската агенција за цивилно воздухопловство, Росавијација, за „Ројтерс“ изјави дека „операциите за пребарување и спасување се во тек“, но одби да даде други детали.


Tv „21“