Во Иран се сруши хеликоптер што транспортирал гласачки кутии: Загина еден полицаец

0
116

Во иранската јужна покраина Хузистан се сруши хеликоптер што транспортирал гласачки кутии, при што загина еден полицаец, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на иранската официјална новинска агенција ИРНА, се срушил хеликоптер што од руралната зона Ахмед Федале транспортирал гласачки кутии кон подрачјето на Дезфул.

Се истакнува дека во несреќата загинал еден полицаец кој бил одговорен за осигурување на заштитата на гласачките кутии.

Според соопштеното, исто така во несреќата се повредени 11 лица.


„Anadolu Agency“