Американскиот претседател, Џо Бајден, го оцени состанокот со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како позитивен и ефикасен, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Верувам во вистински напредок во односите на Турција и САД, нашите соработници ќе продолжат со разговори“, порача Бајден по состанокот што го одржа со Ердоган на маргините на Самитот на НАТО одржан во Брисел.

„Имавме позитивен и продуктивен состанок“, изјави Бајден.

Како што изјави, разговарале за начините за унапредување на односите по многу прашања.

„Нашите тимови ќе продолжат да разговараат, верувам дека ќе оствариме вистински напредок меѓу Турција и САД“, додаде Бајден.

Anadolu Agency