Трилатерална средба на претставници на Белград и Приштина со европски посредници започна во зградата на Европската служба за надворешни работи во Брисел.
Делегацијата од Белград е предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ, а официјална Приштина е преставувана од премиерот Албин Курти, додека ЕУ е претставена од министерот за надворешни работи Хосеп Бореj и специјалниот претставник за дијалог од Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.
Предвидено е претседателот Вучиќ да се обрати пред медиумите на крајот од состанокот, околу пладне. За резултатите од дијалогот ќе зборува и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Претходно, Вучиќ разговараше со Борел и Лајчак.
„Почетокот, се надевам, е добар ден за Србија тука во Брисел. Дијалогот е важен, Србија е најважна!“, Напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил со фотографии со Борел и Лајчак, пренесува „Танјуг“.
„Sloboden pecat“










