За тајните од „Шилерова“ зборуваше Сретко Калиниќ (47), осуден на 30 години за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ и злосторствата на Земунскиот клан.
На прашањето дали Земунскиот клан имаше заштита на луѓето од врвот на државата и дали тие имаа полициски значки, Калиниќ тврди дека никој освен Дејан Миленковиќ – Багзи немал значка.
Како што вели, Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ по убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ кај нив немало половина милион марки, како што се зборуваше.
„Душан имаше нешто помалку од 50.000 марки. Беа измамени од сите. Нивната ликвидација ја нарачал оној што им ја нарачал последната работа. Тие мораа да го очекуваат тоа, тие знаеја што прават, кза кого и што сторија. Во Шилерова не остана ни динар“, вели Калиниќ.
И не беше срушена поради тоа, тврди тој и додава:
„Никогаш нема да се види кој од политичарите доаѓаше и се дрогираше во „Шилерова. Затоа „Шилерова„ беше срушена“, вели Сретко Калиниќ.
Тој исто така објасни дека се случувало да одбие задача од Душан Спасојевиќ .
„Одбив, но не затоа што не можев да ја завршам, туку затоа што оној што требаше да биде мета не заслужи да биде ликвидиран. Тој и денес е жив и здрав и е еден од најпознатите Срби. Не можеа да го завршат без мене„, тврди Калиниќ.
„Sloboden pecat“










