Денеска во Нион, Швајцарија, беше одржана ждрепката за 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите, во кое настапува и македонскиот првак Шкендија.
Шкендија за противник го доби тимот на Мура од Словенија, кој годинава за прв пат во историјата ја освои титулата.
На првиот натпревар кој се игра на 6 или 7 јули, Шкендија ќе биде домаќин, на 12 или 13 јули ќе гостува во Словенија.
Tv21









