Тврдејќи дека сојузната влада на САД не ги претставува вредностите на Тексашаните, државниот претставник од округот Хил сака да им дозволи на Тексашаните да се одделат од САД.

Кајл Бидерман им рече на своите приврзаници дека планира да достави предлог-закон што ќе овозможи референдум за отцепување, објави порталот Ксат. Бидерман, кој е републиканец, тврди дека неговиот предлог се совпаѓа со Уставот и дека Тексашаните имаат право да ја реформираат или укинат владата. Бајдерман не понуди повеќе детали за законот, кој има намера да го предложи. Тексашаните и претходно имаа идеи за отцепување, но во реалноста тешко дека тоа ќе се случи.

Тоа би било не само контроверзно, туку и потенцијално незаконско.

(Танјуг)