Заев- нови 8 милиони евра помош за справување со последиците од Ковид19

by Administrator

Македонскиот премиер Зоран Заев попладнево на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека на денешната владина седница го дополниле Пакетот 4 за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата. Како што наведе, донеле одлука за дополнителниот сет мерки кој треба да изнесува 488.803.928 денари, односно околу осум милиони евра.

Со овој Ковид пакет, како што информира тој, се опфатени естрадните уметници, Асоцијацијата на танцови здруженија, приватните установи за деца, дизајнерски ателјеа за организирање свадби. Грантови, како што наведе премиерот, има за едукативни центри за деца, игротеките, центри за странски јазици, а финансиска помош ќе добијат и ноќните клубови.

Во овој пакет мерки предвидена е скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници и уметници стручни соработници и други професии.

Извор:РСЕ

You may also like