ДУБАИ: Издадени дозволи за градба на 23.000 згради во Дубаи.

0
199

Во Дубаи се наоѓаат најмногу градежни кранови на светот, 33.000, а се очекува дека градежниот сектор помеѓу од 2012 и 2013 година треба да порасне за 9,5%, додека оваа година министерството за транспорт и врски на ОАЕ издале дозволи за градење на нови 23,243 згради.

 

Најголем број од парите во Дубаи се вложува во Туризмот, пред се најмногу сматајќи на фактот за 20 години ќе им са намалат количините на нафта и затоа сметаат дека туризмот ќе биде еден од секторите од кој оваа финансиска оаза очекува профит.

Најомиленото летуваличте во арапскиот свет секоја година го постуваат 15 милиони туристи. Како сметаат во Дубаи, кризата е готова и до 2020 година планираат зголемување на посетителите за 50% повеќе.

Во наредните години и бројот на хотели ќе порасне, иако хотелите ги градат приватни фирми, сепак целосна поддршка добиваат и од државата, која се грижи за инфраструктурата на државата.

Дубаи е седми град по посетеност во светот, на кој му недостига крајбрежје, па заради тоа градат острови каде сакаат да ги изградат најдобрите трговски центри, и каде што денес стои изграден еден од најпознатите хотели со седум звездички.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here