Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека верува оти новиот најавен пакет на мерки, рестрикција, зголемување на ингеренциите на инспекторатите и апелот до граѓаните да се придржуваат до мерките, ќе даде резултат и оти следниот чекор е карантин, што се надева дека ќе биде избегнато.

„Следниот чекор е целосен карантин, се уште сме далеку, но можно е“, рече Филипче.

За новиот пакет мерки, тој вели ќе се разговара уште викендов, а дека редовната седница на Влада е закажана за вторник.

„Овие рестриктивни мерки кои сега се веќе донесени од Владата, има еден пакет што ќе биде предложен на следната владина седница е форма на рестрикција којашто би била дека растот на нови случаи што е тренд насекаде во регионот, и во Европа, ќе гледаме некако да го запреме“, рече Филипче.