Министерството за одбрана на Израел соопшти дека рано изутринава успешно е лансиран нов шпионски сателит, кој, според официјалните лица, ќе и даде на земјата уште едно средство за набљудување на бројните закани во регионот.
„Офек 16“ е додаден во флотата израелски шпионски сателити лансирани во последните две децении, но државата не открива колку од нив се оперативни.
Амнон Харари, кој раководи со Управата за вселена и сателити во Министерството за одбрана не идентификуваше специфични закани.
„Сите групи на сателити се користат за да се следи која било закана по државата Израел, за кои знаете дека некогаш се далеку и непосредни, така што е неопходен постојан мониторинг“, вели Харари.
Новиот сателит беше развиен од Министерството заедно со државната Воздухопловна вселенска индустрија на Израел. Како што е наведено, „Офек 16“ бил лансиран во вселената во 4,00 часот од воздухопловната база Палмахим, во централниот дел на Израел.
Опишан е како „електро-оптички сателит за набудување со унапредени можности“. Се очекува да почне да испраќа фотографии за околу една седмица.
Tv21/TimesofIsrael









