Најмалку 12 лица се повредени во Сиднеј, откако џип “влетал“ во продавница за продажба на хиџаби.

Сведоци опишаа како забележале луѓе покриени со крв и солзи по инцидентот.

Драматичните снимки се прикажани во моментот кога возилото “влетало“ во филијалата „Хиџаб куќа-“Hijab House”“ во Австралија.

Не е јасно дали инцидентот бил намерен, дали возачот изгубил контрола над возилото или имал некаков медицински проблем.

Полицијата потврди дека 51-годишниот возач имал историја на „проблеми во сообраќајот“ и дека бил пренесен во болницата за тестови на крв и урина.

Сепак, нема индикации дека судирот бил поврзан со тероризам, соопшти портпаролката на полицијата на Нов Јужен Велс.

Една снимка покажува чад од автомобилот, и чкрипење на неговите гуми пред да пробијат низ стаклениот прозорец на продавницата.

Според полицијата, џипот удрил во друго возило неколку моменти порано, кое било запрено на семафор.

Извор:mirror