Исландската влада одлучи да ги намали трошоците за тестовите за коронавирус спроведени на меѓународниот аеродром Кефлавик (Keflavik), бидејќи тестовите се покажаа поекономични отколку што се очекуваше, како и заради повисокиот капацитет за тестирање, објави владата на Исланд (Iceland).

Според владата, од денес, на 1 јули, патниците кои ќе изберат да бидат тестирани по пристигнувањето, ќе треба да платат надомест од 11,000 ISK, (4,319 денари) доколку се платени на лице место, но 9,000 ISK (3,534 денари) доколку се платат однапред.

Претходно, исландските власти објавија дека таксата ќе чини 15 000 ISK (5,889 денари), но според владата, таа е поекономична отколку што се очекуваше, така што цената на граничното скринирање е намалена, пренесува „ШенгенВизаИнфо“ („SchengenVisaInfo“)

Од 15 јуни, на сите граѓани на Европската унија и во шенген-зоната им е дозволено да патуваат во Исланд (Iceland), доколку прифатат тестирање на коронавирус или да влезат во двонеделна карантин.

Според исландската влада, тестирањето барало добра соработка од „многу различни субјекти и досега операцијата се одвивала непречено“.

„Учеството на „Дикод Џенетикс“ („DeCode Genetics“) овозможи анализа на најмногу 2.000 примероци на ден, наместо првична проценка на максимум 500 тестови на ден“, се вели во соопштението на владата на Исланд (Iceland).

Граничното тестирање ќе се примени во наредните недели. Потребата за тестирање ќе се проценува редовно, се вели во соопштението на владата.

Поединци кои треба да бидат тестирани повеќе од двапати за 30 дена ќе можат да аплицираат за поврат во износ поголем од месечната горна граница на трошоците за тестирање, што е 22,000 ISK (8,638 денари) по човек, месечно.

Патниците кои пристигнуваат надвор од работното време на некомерцијален лет може да побараат тестирање на лице место за надомест до 30.000 ISK (11.780 денари).

Децата родени во 2005 година или подоцна се ослободени од тестирање и карантин.

Оние што одлучуваат да платат скрининг за однапред (пониска такса) можат да го сторат тоа преку процес Интернет страницата за плаќање. Плаќањето мора да се изврши најмалку еден ден пред пристигнувањето.

Оние што планираат да платат на граница (поголема такса) можат да плаќаат во готово или со кредитна картичка. Плаќањата во готовина подлежат на фиксен девизен курс во неколку валути, без оглед на дневниот курс.

Премиерката на Исланд (Iceland), Катрин Јакобсдотир (Katrin Jakobsdottir), одлучи да им забрани на меѓународните членови да влезат во шенген-зоната,до 1-ви јули. Во исто време, таа истакна дека граѓаните од Шенген (Schengen) мора да поминат задолжителна карантин или да направат тест за да влезат во Исланд (Iceland).


„Schengenvisainfo“

„Dubai-Portal“