Откако три месеци беше затворен за посетителите, Забранетиот град во Пекинг – една од најголемите атракции на кинеската престолнина и во целата земја – ги отвори своите врати пред неколку дена.
Музејот „Царска палата“ беше недостапен од 25 јануари, а сега кога коронарната епидемија на Кина е ставена под контрола, продадени се само 2.500 билети во рок од половина час од објавувањето дека посетата ќе биде можна и тоа за 1 мај, пренесе „Гардијан“.
Како и во сите други институции, се применуваат посебни услови според кои е можно влегување во зградата.
Заинтересираните посетители треба однапред да ги резервираат своите билети преку Интернет, нивниот дневен број е ограничен на 5.000 (претходно бил 80.000) и секој треба да ја покаже својата лична карта и својот здравствен код кој може да се добие преку апликација на мобилен телефон, пренесе Меѓународното кинеско радио.
Оние со телесна температура повеќе од 37,3 степени или кои имаат симптоми како кашлање или скратен здив, нема да смеат да влезат, а секој кој е во можност да влезе мора да носи маска во текот на целиот престој во комплексот и да се држи на оддалеченост од другите.
Изложбите во затворен простор и понатаму ќе бидат затворени.









