Турските водечки ланци ресторани за брза храна „Бургер кинг“ („Burger King“) и Уста донерџи“ („Usta Dönerci“), инвестиција на „ТФИ ТАБ Гида Јатиримлари“ („TFI TAB Gıda Yatırımları“) во Северна Македонија, исто како и во Турција, им помагаат на здравствените работници кои се борат против епидемијата на Ковид-19, со пакети со храна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Исто како и во Турција, ние продолжуваме да им помагаме и на здравствените работници во Северна Македонија, кои несебично се борат против епидемијата на новиот вид коронавирус што го зафати целиот свет. Пакети со храна, подготвени во рестораните „Burger King“ и „Usta Dönerci“, целосно затворени, безбедни и во хигиенски услови бесплатно се доставуваат до здравствените работници“, се истакнува во соопштението на турската компанија „TFI TAB Gıda Yatırımları“.

Целта на помошта, како што се нагласува во соопштението на „TFI TAB Gıda Yatırımları“, е да им се помогне на здравствените работници кои работат деноноќно, да се ублажи нивниот замор и да почувствуваат дека во оваа борба не се сами.
„Нашата компанија, во овој тежок процес ќе продолжи да ги поддржува здравствените работници, кои го носат најголемиот товар“, нагласуваат од „TFI TAB Gıda Yatırımları“.
Инаку, во Северна Македонија има 570 потврдени случаи на заразени со коронавирусот Ковид-19, и 21 починат од последици предизвикани од вирусот.









