Во неделата навечер, првото сириско машко дете е родено во Едирне (Edirne), на турско-грчката граница.
Новинарот Мухамед Креимеш (Muhammad Kreimesh) за „ Al-Araby Al-Jadeed“ ( „Ал-Араби Ал-Џадед“) изјави: „Го слушнавме плачот на бремената мајка во неделата навечер, а потоа ја повикавме брзата помош, која пристигна во логорот „Коле Базар“ („Kole Bazaar“), каде има голем број на бегалци кои чекаат да заминат. Мајката што се породи, во државната болница е пренесена.“
Има многу новородени деца меѓу семејствата кои чекаат на границата. Бројот на Сиријци меѓу лицата кои бараат имиграција не е повеќе од пет проценти од мигрантите кои чекаат; повеќето од нив се Авганистанци (повеќе од половина), Иранци, Ирачани и иселеници од арапските земји во Магреб (Maghreb).
Услугите на преминот „Коле Базар“ („Kole Bazaar“) се многу добри, но големиот број мигранти — 5.000 — откако Турција (Turkey) го најави отворањето на границата пред десетина дена, предизвика конфузија и метеж, особено кога пристигнуваат автомобили за помош на храна, како и соочување со „ бруталност “на грчката полиција.
„Dubai-Portal“








