ИЗВЕСТУВАЊЕ:
„Муфтиството на ИВЗ Струга предводено од муфтијата мр. Салим М. Сулејмани ги известува сите верски службеници – муалимите кои вршат верска поука во мектебите / џамиите во подрачјето на ова Муфтиство да ја прекинат верската поука во временски период од 15 дена, а потоа според околностите и ситуацијата, како и врз основа на предлозите и сугестиите на Ријасетот на ИВЗ во РСМ повтроно ќе бидете известени за понатамошните активности.
Ве известуваме дека оваа активност се превзема како мерка на претпазливост и превентива против ризикот за ширење на корона вирусот што го вознемирува нашето население и пошироко.“
Сектор за информирање при Муфтиството на ИВЗ Струга.










