Сенаторот од Вермонт (Vermont), Берни Сандерс (Bernie Sanders) според проценките на “NBC News” (“ЕН-БИ-СИ Њуз”) однесе убедлива победа на изборите во американската сојузна држава Невада.

Според проекцијата на споменатиот медиум, Сандерс (Sanders) освои 47% од гласовите во Невада (Nevada) врз основа на гласовите од 88% од изборните места.

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден (Joe Biden) кој забележа скромни резултати на претходните гласања во Ајова (Iowa) и Њу Хемпшир (New Hampshire), во Невада (Nevada) заврши на второто место и според проекцијата зад Сандерс (Sanders) ќе заостанува дури за 20% од гласовите.

Пит Батиџиџ (Pete Buttigieg) кој победи во Ајова (Iowa), а во Њу Хемпшир (New Hampshire) заврши на второто место, во сојузната држава Невада заврши на третото место со 13,6% од гласовите, а кога сите гласови ќе бидат преброени, според “NBC News” (“ЕН-БИ-СИ Њуз”) сепак ќе остане под 15%.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ („Reuters“)оценува дека новата победа на Сандерс (Sanders) сигурно ќе предизвика загриженост меѓу Демократите кои сметаат дека е премногу либерален за да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп (Donald Trump) на изборите во ноември и имаат причина да стравуваат дека неговиот пат кон номинација од Демократите наскоро ќе стане несопирлив.

Демократите во следните 10 дена ги очекува гласање во нови 15 сојузни американски држави.

Пренесува: Dubai – Portal

Пишува: NBC