logo

ТУРЦИЈА

Светнаа фаровите на првиот турски автомобил

Претставувањето на прототипот на првиот автомобил од домашното производство во Турција ќе биде одржано на 27 декември во Гебзе, најави претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган

Abdulkadir Günyol   |23.12.2019
Светнаа фаровите на првиот турски автомобил

ИСТАНБУЛ (АА) – На официјалната твитер-страница на Иницијативната група за турски автомобил е објавена фотографија на којашто се гледаат фаровите на автомобилот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Официјалната твитер-страница на Иницијативната група за турски автомобил објави фотографија (@TOGG2022) на турскиот автомобил во темна просторија, каде што се гледаат само фаровите на автомобилот.

„Почна одбројувањето за запознавање со турскиот автомобил… Следетете нè секој ден во 14:30 часот (по турско време) за да можете да се запознаете со новите детали од автомобилот“, се истакнува во објавата на Твитер.

Претходно, министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, претседателот на Управниот одбор од Групацијата на произведувачи на турскиот автомобил (TOGG), Рифат Хисарџиклиоглу, заменик-претседателите на Управниот одбор од Групацијата на произведувачи на турскиот автомобил (TOGG), Таха Јасин Озтурк и Тунџај Озилхан, членовите на Управниот одбор, Ахмет Назиф Зорлу, Ахмет Акча и Талип Озтурк, објавија фотографија на која автомобилот е покриен со церада.

Претставувањето на прототипот на првиот автомобил од домашното производство во Турција ќе биде одржано на 27 декември во Гебзе, најави во текот на изминатата недела претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.