ИСТАНБУЛ (AA) – Во многумина градови ширум Турција невладините организации организираа протести поради политиката на Кина заради Источниот Туркестан и кршењето на човековите права на Ујгурските Турци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестите се организирани во многумина градови меѓу кои се Истанбул, Измир, Денизли, Ајдин, Кутахја, Едрине, Текирдаг, Орду, Афјонкарахисар, Бурса…
Протестите поради кршењето на човековите права одржани се и во Истанбул. Одржана е и протестна прошетка до џамијата Фатих до плоштадот Бејазит.
Собраните во Измир организираа марш насловен „Тивок вресок” и носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода за Источен Туркестан”.
Во името на ИХХ се обрати Халит Челик кој рече дека во Источен Туркестан повеќе години се спроведува политиката на асимилација и застрашување и дека на Ујгурите им се нарушени правата.
„Пуштете ги организациите за заштита на човековите права да влеземе во Источен Туркестан. Да видиме дали се точни наводите за тиранија. Ако нема тиранија, да му го кажеме тоа на светот. Тоа е нашето барање, наш повик. Тоа ѝ го зборуваме на Кина. Ги повикуваме меѓународните организации да вршат притисок на Кина”, рече Челик.




AA / Dubai-Portal









