ИДЛИБ (АА) – Силите на режимот на Башар ал Асад, со помош на поддржувачите зазеде две села во деескалациската зона во сириски Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Режимските сили и приврзаниците во последните два месеца напредуваа во југоисточниот дел на Идлиб, не почитувајќи ги договорите од Астана.

Цел на интензивни напади беа окружните центри Маратинуман и Серакиб во Идлиб и селата.

Режимот на Асад копнениот напад го започна синоќа, со поддршка на странските терористички групи поддржани од Иран и руските специјални единици.

Силите на режимот на тој начин ја презедоа контролата врз селата Ум Џелал и Ум Тувејне од Маратинуман.

Во моментов траат судирите меѓу антирежимските вооружени групи и силите на режимот на Асад во селата Иџаз и Тел Џефер во истата област.

– Последна ситуација во деескалациската зона во Идлиб –

Моментално, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.

Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4 и 5 мај 2017 година, Идлиб и околината ги прогласија за деескалациона зона. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област. Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Од тој датум до денеска во нападите на режимот и Русија загинаа над 1.300 цивили.

Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција и во областите ослободени со турскиет операции „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“ за една година надмина 1 милион.