Климатски промени: Илјадници граѓани на протести во Лондон и Стокхолм

0
100

Илјадници граѓани на Велика Британија и Шведска излегоа на улиците по повод штрајкот против климатските промени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Протест на илјадници граѓани одржан е и во околина на британскиот Парламент во Лондон.

На протестите на кои се придружи голем број ученици, имаше и транспаренти на кои пишуваше: „Запрете го геноцидот над животната средина”.

Носеа транспаретни на кои се напишани критики против американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон.

Илјадници граѓани излегоа и на улиците на Стокхолм. Околу 10.000 лица се собраа на плоштадот Медборгарпластен.

Протестите се организирани во 110 градови и ширум Австралија, земја во која живеат околу 25 милиони жители.

Слични собири одржани се во градовите ширум светот, во пресрет на самитот на Обединети нации за климатските промени во Њујорк.