Поводот за собирот на лидерите на арапските земји е неодамнешниот напад врз саудиските нафтени постројки, како и кризата во односите во тој регион.
(Дубаи – Портал) – Саудискиот крал, Селман бин Абделазиз, го повика катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, да учествува на вонредниот самит на Советот за соработка на арапските земји од Заливот (GCC), пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјална Доха потврди дека генералниот секретар на Советот, Абдуллатиф бин Рашид ал Зајани, поканата за емирот Ал Тани му ја врачил на шефот на катарската дипломатија, Мухамед бин Абдуррахман ал Тани.
Саудискиот крал Селман пред десет дена најави дека на 30 мај во Мека ќе се одржат два самита на кои ќе се соберат лидерите на земјите членки на Советот за соработка на арапските земји од Заливот и земјите од арапскиот свет.
Поводот за собирот на лидерите на арапските земји е неодамнешниот напад врз саудиските нафтени постројки, како и кризата во односите во тој регион.
На самитот во Мека е повикан и лидерот на Катар, заливската земја со која Саудиска Арабија и нејзините сојузници ги прекинаа односите пред две години.
Mahir Demisoski









