Во Словачка, Малта и Летонија, земји од Европската Унија, гласачите во раните утрински часови почнаа да гласаат за изборите за Европскиот парламент.

(Дубаи – Портал) – Во Словачка, над 4 милиони и 400 илјади гласачи на возраст над 18 години за изборите за Европскиот парламент (ЕП) почнаа да гласаат во 07:00 часот по локално време. Словачка во Европскиот парламент ќе испрати 13 пратеници, а процесот на гласање ќе заврши во 22:00 часот по локално време. Секоја партија во земјата која ќе го надмине прагот од 5 отсто може да испрати пратеници во ЕП, пренесува Anadolu Agency (AA).

Словачка 

На изборите за ЕП одржани во Словачка во 2014 година, четири партии успеаја да го надминат прагот и да пратат пратеник во ЕП. Во Словачка, во споредба со другите земји членки, имаше многу мал одзив, со излезност од 13 отсто.

Малта 

Во Малта, каде што нема изборен праг, граѓаните на возраст од над 16 години почнаа да гласаат во 07:00 по локално време. Во земјата, во која има околу 350 илјади гласачи, процесот на гласање ќе трае до 22:00 по локално време.

За Малта во ЕП има шест места. Во земјата нема изборен праг.

На изборите за ЕП во Малта во 2014 година излезноста на граѓаните беше 74,8 отсто, што е многу повисока од просекот на ЕУ. На тие избори, две партии испратија по тројца пратеници во ЕП.

Летонија 

Во Летонија, која има право да испрати осум пратеници во ЕП, околу 1 милион и 400 илјади гласачи, над 18 години, почнаа да гласаат во 07:00 часот наутро. За разлика од Словачка и Малта, гласањето во Летонија ќе заврши во 20:00 часот.

На изборите во 2014 година, пет партии го надминаа изборниот праг од 5 проценти и испратија осум пратеници во ЕП. Стапката на учество на гласањето остана на 30,2 проценти.

По отворањето на гласачките кутии може да бидат објавени само резултатите од анкетата. Резултатите од гласањето ќе бидат објавени во недела вечер во сите земји. Официјалните резултати ќе бидат објавени на 31 мај.

Избори со најголем број гласачи по Индија

Во ЕУ, 374 милиони граѓани кои имаат право на глас, од 23 до 26 мај излегуваат на гласање за да ги изберат пратениците на Европскиот парламент. Оваа година осум политички групи ќе се натпреваруваат на изборите за ЕП, кои се дефинираат како демократски избори во кои учествуваат најголем број гласачи по Индија.

ЕП, кој е законодавно тело на Унијата, ги прифаќа законите на Советот на унијата и на Унијата ѝ го одобрува својот буџет.

Mahir Demişoski