Во неделата погодени биле стотици домаќинства а уништена беше и една шесткатна зграда во која, покрај канцелариите на образовните институции, се наоѓал и единствениот Центар за лица со посебни потреби во Рефах. Во нападот загинале три лица,
Израелските сили извршија напад минатиот викенд во појасот Газа и ја бомбардираа изградбата на единствениот Центар за лица со попреченост, објави агенцијата Анадолу (АА).
Јасемин Абид, претседателка на Конфедерацијата на лица со попреченост, изјави за АА дека ги напуштиле просториите на Центарот пред нападот.
“Ја напуштив зградата половина час пред нападот”, изјавила таа за АА. Како што рече, Центарот го формирале пред три месеци и не може да поверува дека ова место сега е уништено.
– Ова беше единствениот Центар во Рефах кој обезбедуваше помош за лицата со посебни потреби. Станува збор за помагање на сите лица со посебни потреби, вклучувајќи ги и оние што биле повредени за време на протестот “Големиот марш за враќање”. Малку пред нападот во Центарот, имаше голем број на лица со посебни потреби – изјавила Абид.
Таа истакна дека Центарот обезбедува помош за околу 1.000 лица со попреченост во Рефах. Сега, како вели таа, тие особи лишени се од единственото место каде имале некаква помош. На Басим ед-Дахни и беше ампутирана нога по ранување за време на протестот за “Големиот марш за враќање”.
Не ме изненади што окупаторите што беа насочени кон нас за време на демонстрациите а сега се фокусираа и на центарот што им служеше на лицата со попреченост. Нив лесно им е да ги прават најсуровите и најопасните злосторства – објасни Дахни.
Овој 33-годишњак порачал: “О свету, сведочите за она што го прават окупаторите”.
Најмалку 25 Палестинци загинаа во израелските напади врз Газа минатиот викенд, меѓу кои и две бремени жени и две бебиња. Најмалку 150 лица беа повредени, а стотици единици за домување беа уништени.
Четири лица, меѓу кои и еден палестинец, беа убиени во израелските ракети кои беа лансирани од Израел. Со посредство на Египет и Обединетите нации, Израел и палестинските групи се согласија за прекин на огнот во понеделникот изутрина.











