Aеродромот во Франкфурт затворен поради дрон

0
131

На најголемиот аеродром во Франкфурт, Германија, поради дрон авионскиот сообраќај беше запрен на 45 минути, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на аеродромот истакна дека поради дрон забележан на јужниот дел од аеродромот 45 минути биле запрени слетувањата и полетувањата за да не дојде до некоја опасност во авионскиот сообраќај.

Портпаролот, исто така, нагласи дека откако полицискиот хеликоптер утврдил дека беспилотното летало веќе не лета, сообраќајот на аеродромот почнал повторно да се одвива.

Дронот бил забележан во истата област, повторно на истиот аеродром и во март, кога морало да се откажат 60 летови.

Минатата година низ цела Германија биле откажани 158 летови поради дроновите кои го загрозувале воздушниот простор.