Играчот кој експлодира ова сезона, потпишува за Баерн

0
134

Баерн на големо бара замена за Арјен Робен и Франк Рибери кои заминуваат на крајот на сезоната.

На Алијанц Арената би требало да пристигне Николас Пепе, фудбалер кој ова сезона експлодира во екипата на Лил.

Лил ова сезона во Лигата 1 судејќи според се ќе заврши на второто место, а Пепе со 21 гол на 34 натпревари е најсазлужен зошто овој тим ќе игра во Лигата на шамшиони наредната сезона.

Во клубот од северот на Франција веќе се пмириле со заминувањето на 23 годишниот крилен фудбалер. Неговиот играчки картон ќе кошта најмалку 70 милиони евра.

Лил одлично ќе заработи со неговата продажба со оглед на тоа што пред две години го купи од Анжерс за 10 милиони евра.

ДОАЃА И ДРАКСЛЕР?

Џулијан Дракслер според пишувањето на France Football би тревало да се врати во Бундеслигата каде што претходно настапуваше за Шалке о4 и Волсбург

За ангажирањето на Дракслер сериозно е заинтересиран Баерн кој после заминувањето на Рибери и Робен ќе мора да ја зајакне офанзивната линија.

Претходните два трансфери на Дракслер биле исклучително скапи, и исто веројатно ќе биде и со предстојниот со оглед на тоа дека има пазарна вредност од 35 милиони евра.