Четириесет и три отсто од детската популација во западноафриканската земја Нигерија работат во различни области како рударство, земјоделство и рибарство, јавува Anadolu Agency (AA).
Денис Зулу, претставник на Меѓународната организација на трудот (ILO) за Нигерија, истакна дека и покрај предупредувањата на меѓународните организации во врска со децата работници, тие работат под тешки услови.
Зулу рече дека децата на возраст од 5 до 10 години работат во приватниот сектор или во приватни домаќинства, и дека Владата треба да преземе нови чекори во насока на борба против децата работници и шверцувањето деца.
Тој нагласи дека со различни проекти кои ги реализира, Меѓународната организација на трудот ќе дава голем придонес во борбата во врска со децата работници.










