Судот во Лондон го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на 50 недели затвор поради кршење на правилата за условна слобода пред речиси седум години.
47-годишниот Асанж потоа се криеше во Амбасадата на Еквадор во Лондон, од каде минатиот месец беше изнесе и уапсен, по што беше одредена негова екстрадиција во Шведска поради обвинувањата за силување. Соединетите Американски Држави го обвинуваат и за учество во една од најголемите шпионски афери, кога Виликс објави тајни дипломатски преписки на американската администрација.
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж вчера поднесе кривична пријава против властите на Еквадор обвинувајќи го дипломатскиот персонал во Амбасадата во Лондон дека го шпионирал.
Владата на Ленин Морено ја нарушила приватноста на Асанж со тајно снимање на неговите дневни активности почнувајќи од март 2018 година, пишува во тужбата.
Во документот се наведува дека шпионажата била спроведена со помош на „Промсекјурити“, приватна фирма која управува со електронскиот надзор во Амбасадата на Еквадор во Лондон.
Оние што се вклучени во шпионирањето се обиделе да изнудат 3 милиони евра од „Викиликс“, заканувајќи се дека ќе објавуваат аудио, видео и лични документи на Асанж. Еквадорскиот закон предвидува казни до пет години затвор за секое прекршување споменато во тужбата.
Еквадорските власти, спротивно на ваквите обвинувања, тврдат дека Асанж се обидел да формира центар за шпионирање во амбасадата пред да му биде суспендиран азилот на 11 април.
Извор:НоваТВ









