Трамп заради Венецуела му се заканува и на Куба: Целосно ембарго доколку не ја повлечете војската

0
276

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Куба дека ќе и` воведе нови санкции ако кубанските војници веднаш не ги сопрат како што вели тој, воените операции во Венецуела.

“Доколку кубанската армија и милицијата веднаш не ги прекинат воените и другите операции, на Куба ќе и биде воведено целосно ембарго заедно со најсилните санкции”, напишал Трамп на Твитер.

Тој додал дека се надева дека кубанските војници веднаш и мирно ќе се вратат на својот остров.

Претходно, советникот за национална безбедност, Џон Болтон, ја обвини Куба дека ја контролира сегашната власт во Венецуела.