Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во однос на обидот за државен удар рече дека ќе се спроведе истрага и дека обидот нема да остане неказнет, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Обидот за државен удар нема да остане неказнето, разговарав со главниот обвинител на земјата. За оваа работа назначив тројца специјални национални обвинители и тие во моментот ја спроведуваат истрагата и ги испрашуваат сите што се вклучени во настанот“.
Мадуро одржа говор во Мирафлорес, Палатата на претседателството на Венецуела.
Николас Мадуро на почетокот од својот говор ѝ се заблагодари на Армијата на Венецуела за сузбивањето на обидот за државен удар и лојалноста и дисциплинираното однесување.
Осврнувајќи се на вчерашните судири во воздухопловната база „Ла Карлота“, Мадуро рече: „Во медиумите имаше вести дека е преземена контролата врз воздухопловната база „Ла Карлота“, но базата дефинитивно не беше преземена. Исто како и другите воени бази, и „Ла Карлота“ беше во состојба на готовност“.
Мадуро, наведувајќи дека обидот за државен удар го водел поранешниот опозиционер Леополдо Лопез, нагласи: „Денес во утринските часови на социјалните медиуми беа објавени инсерти на Леополдо Лопез, екстремно десничарскиот опозиционер кој избегал од домашен притвор, фашист и човек кој 18 години е вклучен во сите обиди за државен удар. Тој специјално го водеше обидот за државен удар, потоа се појави пратеникот Гваидо, самопрогласениот претседател. Тој со снименото видео ја истакна поддршката кон воениот удар“.
Николас Мадуро, потенцирајќи дека опозицијата во судирите употребила огнено оружје, рече: „Ние знаевме какво оружје поседуваат. Митралезите со долг дострел се многу опасно оружје“.
Мадуро, наведе дека цел биле безбедносните сили. „Ние размислувавме само за хаосот и побеснетоста на плоштадот. Што бараа, судири ли? Или пак, Армијата да ја испратиме таму? А таму да се случеше катастрофа во која 100-200 лица ќе ги загубеа своите животи? Многу е важно да се размисли за тоа“.
– „80 отсто од војниците што беа донесени на местото на судирите беа измамени“ –
Венецуеласкиот претседател истакнувајќи дека опозицијата сака да создаде хаос, рече:
„Прашувам, кој имаше корист од оваа ситуација? Венецуела, демократијата или мирот? Кој има очекувања од ваквата ситуација? Се разбира, тие лица што се таму, пратениците и партијата Волунтад на екстремно десничарскиот терорист. Тие беа таму, со видеата што ги објавуваа на социјалните медуими го охрабруваа народот да излезе на протести. Обидот за државен удар нема да остане неказнето, разговарав со главниот обвинител на земјата. За оваа работа назначив тројца специјални национални обвинители и тие во моментот ја спроведуваат истрагата и ги испрашуваат сите што се вклучени во настанот. Тие ќе бидат обвинети за прекршување на Уставот и нарушување на социјалниот мир“.
Николас Мадуро соопшти дека најмалку 5 војници биле повредени, а од нив двајца полковници имаат тешки повреди.
Додавајќи дека војниците што беа донесени на местото на судирите биле измамени, нагласи: „80 отсто од војниците што беа донесени во областа Алмира, каде што имаше судири, беа измамени. Ним им било кажано дека има различни операции, но кога виделе дека таму се Леополдо Лопез и Гваидо, сфатиле дека се измамени“.
Мадуро истакна дека војниците кога дознале дека се измамени со воените возила го напуштиле местото на настанот и не ја дале поддршката на организаторите на државниот удар.
– Обидот за државен удар –
Претседателот на Собранието, Хуан Гваидо, кој на 23 јануари се самопрогласи за претседател на државата, со 3-минутното видео што го објави на социјалната мрежа Твитер, ја повика Војската и народот да излезат на улица.
Видеото што го снимил околу воздухопловната база „Ла Карлота“ во Каракас со група војници до него, Гваидо го објави на Твитер. Беше соопштено дека некои воени едници ги затвориле патиштата, и дека во некои улици се забележани воени возила.
Венецуелскиот министер за одбрана, Владимир Падрино Лопез, истакнувајќи дека ќе го спречат обидот за државен удар, рече: „Ние како вооружени сили положивме заклетва дека ќе го штитиме уставниот поредок. Ние сме будни пред предавничкиот обид за државен удар. Во воените единици нема невообичаена состојба, сите се на располагање на своите командири“.
Американската администрација со изјавите даде целосна поддршка на обидот за државен удар на Гваидо и неговите поддржувачи.










