Емирати: Јавна критика на шеикот Мохаммед: Ова не е наше ниво!

0
157
Малку по малку, владетелот на Дубаи, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, ги изненади вработените во јавните претпријатија. Пред три години, ненадејно ја посети зградата на општината по продолжениот викенд и за време на работното време, и затекна празни канцеларии и ништо помалку изненадување не го дочека ниту во Одделот за земјиште и Одделот за економски развој.
Видеата и фотографиите кои во таа прилика ги сподели на социјалните мрежи во текот на ноќта станаа вирални, не очекувајчи дека владетелот ќе ги контролира службениците.
Овој пат неговите критики дојдоа откако тој доби слика од Емирати пошта во Карама, на која како да е пресликана атмосфера од познатите македонски ФТ1П чекални.Километарски редови на изморени луѓе кои “клинкаат“ пред шалтерите.
Оваа фотографија беше објавена и на Твитер профилот на Владетелот на Дубаи проследена со коментар:
“Ова не е наше ниво. Овие не се наши услуги. Кој и да овозможува вакво ниво на услуга нема да биде во мојот тим “.
  Фотографиите беа направени од мистериозни корисници кои биле испратени до Емирати Пошта за да го оценат квалитетот на услугата, како и работата на вработените.
Сцените воопшто не биле ниту малку охрабрувачки, а анализата на мистериозни корисници го покажа следново:
Корисниците чекаат премногу долго за да го направат она заради што дојдоа во во Емирати пост.
Дури 75 отсто од оние кои биле фотографирани како дремат во редици дошле да ги преземат своите Emirates ID – (лична карта).
Корисниците мора да одат на повеќе шалтери за да направат една работа.
На почетокот на годината, во книгата “Мојата приказна” Шеик Мохамед објави 10 заповеди кон кои треба да се држат јавните службеници во Дубаи. На врвот на листата е врвен квалитет услуга, која очигледно не е почитувана во Емирати Пошта во Карами.
Владетелот на Дубаи им препорача на менаџерите подобро да ја организираат својата работа а нја вработените да им изградат што подобра интеракција, со корисниците на поштенски услуги.
Објавувањето на фотографија од Емирати пост и коментар од владетелот на Дубаи дојде до огромна поддршка на жителите на овој емират. Во мрежите на социјалните мрежи во Обединетите Арапски Емирати, постојат коментари кои покажуваат до колкава граница понекогаш може да оди неефикасност на вработените. Така, корисниците на Емирати пошта пишуваат дека “чекањето по два часа во редици е фрустрирачки” и ги повикуваат менаџерите да ги подобрат услугите.
“За време на мојот престој во Обединетите Арапски Емирати пристигнаа само 50% од мојата пошта, со задоцнување од неколку недели или неколку месеци.
Ако се процени по досегашните реакции на менаџерите во владините служби кои владетелот на Дубаи јавно ги критикуваше, може да очекуваме дека за кратко време, услугите во Емирати ќе бидат подобри, а службениците ќе бидат поефикасни. Инаку, се знае што следи …
Извор:BIRO