Се преврте минибус со фудбалерите на Аланијаспор, загина Јосеф Шурал

0
126

Фудбалерот на турскиот суперлигаш Аланијаспор, Јосеф Шурал, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на патниот правец помеѓу Анталија и Аланија, јавува Anadolu Agency (AA).

Екипата на Аланијаспор синоќа го играше мечот против Кајсериспор, а седум фудбалери од Кајсери се враќаа во Аланија со позајмен минибус, кој се преврте на влезот во Аланија.

Во несреќата во местото Динек повредени се сите седум фудбалери, а 29-годишниот чешки интернационалец Шурал починал во болница.

Преостанатите шестмина повредени фудбалери Кокер, Дјалма, Баиано, Сисе, Велинтон и Исак Саки се здобија со полесни повреди.

Управата на клубот, кој до неодамна го водеше и босанскохерцеговскиот стручњак Сафет Сушиќ, ја потврди тажната вест за смртта на Шурал.